botanika dolgi

0.0(0)
Studied by 0 people
call kaiCall Kai
learnLearn
examPractice Test
spaced repetitionSpaced Repetition
heart puzzleMatch
flashcardsFlashcards
GameKnowt Play
Card Sorting

1/44

encourage image

There's no tags or description

Looks like no tags are added yet.

Last updated 12:46 PM on 6/22/26
Name
Mastery
Learn
Test
Matching
Spaced
Call with Kai

No analytics yet

Send a link to your students to track their progress

45 Terms

1
New cards

Систематика и опис на див чемер (линцура)? (Gentiana lutea)

Царство: Plantae Оддел: Angiospermophyta Класа: Dicotyledones Ред: Gentianales Фамилија: Gentianaceae Род: Gentiana Вид: lutea Опис: Зелјесто растение со мн краток, дебел, ризом од кого тргнуваат долги дебели корени. Стеблото е неразгрането, високо, без влакна, исправено, во горниот дел некогаш е ребресто, шупливо. Листовите се наспоредни, приземните се на дршка,елиптични,сино-зелени. Во долниот дел на стеблото тие се на кратки дршки а во горниот дел се седечки, јајцевидни, зашилени.Цветовите се крупни, жолти, на долги дршки. По 3 до 10 цветови се збиени во штитовидните соцветија што се наоѓаат странично на главната оска. Чашката е цевчеста, раcечена по должината до основата. Венчето е кружно, раширено со кратка цевка, со 5-6 тесно ланцетести. Плодот е конусна чушка, со 2 капака.

2
New cards

Систематика и опис на жолт кантарион? (Hypericum perforatum)

Царство: Plantae Оддел: Angiospermophyta Класа: Dicotyledones Ред: Hyperiales Фамилија: Hypericaceae Hypericum perforatum – жолт кантарион Повеќегодишно зелјесто растение со вретенест и разгранет корен. Стеблото е исправено, во горниот дел е разгрането, валчесто, со две истакнати надолжни пруги, без влакна. Листовите се поставени еден спроти друг, седечки, јајцевидни, долгнавести, 5 до 30 cm долги, по површината со многу проѕирни точки. Цветовите се собрани широки штитовидни соцветија. Чашкини ливчиња има 5: јајцевидно ланцетести до линеарни со шилест врв, без влакна, по површина со бројни проѕирни и црни точки. Венчените ливчиња има 5: тесно јајцевидни, златножолти, по работ со црни точки. Прашници има многу. Плодот е чушка со брадавичави маслени резервоари.

3
New cards

Систематика и опис на див костен? (Aesculus hippocastanum)

Царство: Plantae Оддел: Angiospermae Класа: Dicotyledones Ред: Hippocastanales Фамилија: Hippocastanaceae Aesculus hippocastanum – див костен Листопадно високо дрво со разгранета, густа, тркалезна крошна. Кората на младите стебла е мазна и кафеава, која подоцна пука. Младите гранчиња се дебели, темнокафеави, со крупни лепливи пупки. Листовите се големи, наспоредно распоредени, со долга дршка, прстенесто сложени од 4 до 7 ливчиња. Ливчињата се јајцевидни, со долга стеснета основа и со заоблен врв. Цветовите се во крупни исправени метличести соцветија. Венчените ливчиња се нееднакви, бели, со жолта или црвена дамка на дното. Од венчето излегуваат жолти прашници. Плодот е тркалезна, боцкава, зелена чушка во која се наоѓаат обично две крупни бубреговидни, семки.

4
New cards

систематика на костен? (castanea sativa) Plantae, angiospermophyta, dicotyledones, fagales, fagaceae, castanea, sativea

Листопадно дрво високо до 30 m. Крошната е богато разлистена, густа, топчеста. Листовите се јајцевидно ланцетести, на кратка лисна дршка. Лиската е кожеста, остро назабена, на врвот е зашилена, при основата клинеста. Цветовите се еднополни; машките имаат од 10-20 прашници и широко звонест перигон. Собрани се во групи што се распоредени на вретеното, а на долниот крај, при основата на вретеното се наогаат женските цветови. Женските цветови се зелени, имаат перигон што е сраснат со плодникот од кого тргнуваат од 5 до 9 столпчиња и жигови. Собрани се во групи обвиткани со заедничка обвивка (купула). Плодот е едносемено оревче со кожеста темна и сјајна обвивка. Купулата на плодот е топчеста, кожеста, густо покриена со боцки и ги затвора плодовите - оревчињата. За време на созревањето купулата отпага заедно со плодот, при што пука на 4 дела.

5
New cards

Систематика и опис на жалфија? (Salvia officinalis)

Царство: Plantae Оддел: Magnoliophyta Класа: Magnoliopsida Ред: Lamiales Фамилија: Lamiaceae Salvia officinalis – жалфија Жалфија е полугрмушка, со гранки кои се издигаат а кората е сивотемна, која се лупи. Изданокот е сиво-зелен, покриен е со бели влакненца, мириса на балсам. Листовите се делумно зимзелени, цврсти и поставени еден спроти друг. Лиската е издолжено јајцевидна, при основата понекогаш е срцевидно засечена, густо покриена со сиви влакна, подоцна е гола, фино набрана. Цветовите се сложени во 6 до 8 прешлени. Венчето е до 35 mm, светловиолетово, двоусно. Горната усна на венчето е права, долната е триделна, со облест среден дел. Оревчињата се топчести.

6
New cards

Систематика и опис на афион? (Papaver somniferum)

Царство: Plantae Оддел: Angiospermophyta Класа: Dicotyledones Ред: Papaverales Фамилија: Papaveraceae Papaver somniferum – афион Едногодишно растение, кое во стеблото има млечни цевки исполнети со млечен сок и алкалоиди. Листовите се наизменични, издолжени јајцевидни, со неправилно пилесто засечен раб. Приземните листови се со долги, средни и кратки дршки а горните се седечки. Цветовите се крупни, поединечни, бели, розеви или црвени, со црна дамка при основата. Плодот е топчеста чушка, со многу семиња а со засекување на незрели чушки се добива опиум – исушен млечен сок.

7
New cards

Опис и систематика на ајдучка трева? (Achilea milefolium)

Царство: Plantae Оддел: Angiospermophyta Класа: Dicotyledones Ред: Asterales Фамилија: Asteraceae Achillea millefolium – ајдучка трева Повеќегодишно растение со ароматичен мириз со ползечки ризом. Стебло е исправено со многу листови, едноставно и покриено со многу влакна. Листови долги, двојно или тројно пересто делени на линеарни делови. Цветни главички, собрани во густи терминални сложени соцветија. Плод – ахенија.

8
New cards

Карактеристики на цвет на Primulaceae?

Цветовите се наоѓаат на врвот на безлисното стебло поединечни во штит.

9
New cards

Карактеристики на фам. Papaveraceae:

Хабитус: Зелјести со млечен сок што содржи бензилизохинолински алкалоиди Листови: наизменечни,засечени Цветови: поединечни или во штитови Перијант: 2 чашкини или 2+2 венечни ливчиња Венче:слободни ливчиња,актиморфни, понекогаш зигоморфни Андрецеум: голем број на прашници Гинецеум:2 или повеќе карпели синакарпен Плод: чушка Претставници: Papaver somniferum-афион Papaver rhoeas-Булка Chelidonium majus-Руса Glaucium flavum-Жолта булка

10
New cards

Карактеристики на фам. Iridaceae:

Хабитус: зелјести обично со ризоми гручести луковици Листови: наизменични,без дршка унифицијални со паралелна нерватура

Цветови:поединечни или во врвни цимозни соцветија

Перијант:3-член од 3+3 венчевидни ливчиња што во долниот дел се сраснати актиморфен

Венче:нема

Андрецеум:3

Гинецеум:3 синакарпен

Плод:чушка

Претставници: Iris Florentina-Бела перуника Iris germanica-сина перуника Crocus sativum-шафран

11
New cards

Карактеристики на фам. Poaceae?

Хабитус: Зелјести со шупливи стебла

Листови: наизменични,со лисен ракавец што го обвиткува стеблото и со лигyла при основата на лиската

Цветови:собрани во клавчиња секое клавче е обвиткано со две плеви (glume),а секој цвет со две плевнички (lemma и palea)

Перијант:обично од две лушпести творби

Венче:нема

Андрецеум:3 прашника

Гинецеум:синакарпен

Плод:посебен вид на оревче-зрно caryopsis

Претставници: Triticum aestivum-пченица Hordeum vulgare-јачмен Avena sativa-овес Zea mays-пченка Oryza sativa- ориз

12
New cards

Карактеристики на фам. Asparagaceae

Хабитус: зелјести растенија со ризом

Листови: наизменични или распоредени еден спрема друг со лачна нерватура лушпести

Цветови:поединечни или во гроздови

Перијант:3-член ливчињата се помалку или повеќе сраснати

Венче:нема

Андрецеум:3+3

Гинецеум:3 плодни ливчиња,синкарпен

Плод:бобонка

Претставници: Convalaria majalis-Момина солза Asparagus officinalis-шпаргла Ruscus acuelatus - кострика

13
New cards

Карактеристики на фам. Cornaeae

Хабитус: дрвја

Листови: еден спроти друг прости со лачна нерватура

Цветови: ситни со штит опкружен со брактеи,собрани

Перијант:4-член

Венче:хорипетално,актиноморфно

Андрецеум:4 прашници

Гинецеум:2 плодни ливчиња синкарпен

Плод:костелка

Претставници: Cornus mas-дрен

14
New cards

Карактеристики на фам. Rhamnaceae

Habitus - Drvenesti i grmushesti rastenija Listovi : naizmenichni, prosti so sitni prilisnici, po rabot celi ili nazabeni. Nervaturata e karakteristichna i se koristi kako sistematski karakter za definiranje na vidovite Cvetovi: sitni zelenkasti ili beli poedinechni ili vo cimozni socvetija

Plod: kostelka ili orevche

Претставници: Frangula alnus Miller-Крушина -Rhammus catarticas-Горчлив дрен

15
New cards

Карактеристики на фам. Araceae

класа Monocotyledones red Arales     Habitus: trevesti rastenija, so tuberasto zadebeleni rizomi.     Listovi: golemi, so mrezhesta ili peresta nervatura, so listen rakavec     Cvetovi: vo kochan, целото соцветие го опфаќа braktea narechena spata.     Andreceum: 6     Gineceum: 3 plodni livchinja     Plod: bobinka

Претставници Acorus calamus – иѓирот Arum maculatum – змијско грозје, козлец Anthurium – антурија Calla palustris – кала

16
New cards

Карактеристики на фам. Apocynaceae

Хабитус: дрвенести,со млечен сок Листови: распространети еден спрема друг,прости Цветови:во цимозни соцветија Перијант:5 член Венче:симпетално,актиноморфно Андрецеум:5 помалку или повеќе сраснати Гинецеум:2 плодни ливчиња Плод:2 мешока Претставници: Vinca minor – зелениче Nerium oleander – олеандер Strophantus hispidus

17
New cards

Опис на фам.Rosaceae?

Оваа фамилија опфаќа зелјести и дрвенести видови, грмушки и дрвја,листовите се различи прости или различно сложени.Цветовите имаат пехарест хипанциум на чијшто раб се наоѓа хетерохламидната цветна обвивка и многу прашници а во внатрешноста повеќе плодници.

18
New cards

Опис на фам.Rutaceae?

Главно повеќето се грмушки и ниски дрвја,со сложени листови и со цветови со добро развиен нектарски диск.Листовите кога ќе се издробат,се многу ароматични.Мирисот потекнува од арматичните материи,етерилните масла што ги произведуваат многубројните маслени жлезди видливи како црни точки на листовите.Кај цитрусот листовите се прости,но крилестата лисна дршка укажува дека се работи за редукција на пересто сложен лист на лист со една лиска.

19
New cards

Опис на фам.Salicaceae?

Оваа фамилија ги опфаќа листопадните дрвја со еднополни цветови собрани во исправени или висечки реси што се појавуваат пред или истовремено со листовите.Секој цвет во соцветието е потпрен со брактеја.Перијантот е изменет во многу ситен пехар или диск,кај тополите или во неколку нектарници, кај врбите.Машките цветови имаат два или повеќе прашници а женските имаат само еден плодник.Плодот е чушка семето е обраснато со долги влакна кои го помагаат расејувањето.Масите од влакнестите топчиња се појавуваат во доцна пролет кофа плодовите на овие растенија созреваат.

20
New cards

Опис на фам.Papaveraceae?

Зелјести едногодишни или повеќе годисни растенија.Листовите се наизменични без прилисници,целите го опфаќаат стеблото,или се во делови длабоко пересто делени,не го опфаќаат стеблото.Стеблото листовите и другите делови на растението содржат добро развиен систем на млечни цевки во кои настанува жолт(руса), бел(афион)или проѕирен (латекс).Цветовите се крупни поединечни на долги иправени безлисни дршки живо обоени кај афионот и булката или кај русата се собрани во штитови,жолти.Цветовите имаат две чашкини ливчиња што оппаѓаат веднаш по отварање на цветот.Венчените ливчиња има 4 вкрстено распоредени.Андецеумот е изграден од многу слободни прашници.Гинецеумот е синакарпен по градат многу плодни ливчиња.Плодникот има крупен жиг што се наоѓа на кратко столбче или е седечки.Плодот кај афионот е јајцевидна чушка од која семето се ослободуа преку порите или кај русата издолжена чушка како мешунка од која семето излегува низ пукнатините.Семето е ситно ркулецот мал а ендоспермот содржи масло.

21
New cards

21.Опис на фам.Rubiaceae?

Едногодишни или повеќегодишни зелјести или дрвенести растенија со четвртасти или обли стебла.Плисниците се листолики и споени со лисните дршки на наспоредените листови.Листовите се прости и цели. Цветовите се собрани во метлички или во цимозни соцветија.Чашкините ливчиња се слободни венчевите се сраснати,прашниците се сраснати со венчената цевка.Плодот е чушка,бобинка,котелка или шизокарпиум.Семињата на некои видови се со крилца.

22
New cards

Опис на фам.Orchidaceae?

Повеќе годишно зејлесто растение со топчести грутки.Стеблото е високо од 8 до 40цм аглесто светлозелено само при врвот е малку виолетово.Основата на стеблото е покриена со шилести белузлави листови во вид на ракавец што тесно налегнуваат врз стеблотото.Листовите ссе сино зелени ланцетести зашилени, го опфаќаат стеблото со основата во вид на ракавец, а постепено се смалуваат кон врвот на стеблото.Цветовите се сложени во јајцевиден,исправен клас.Тие се виолетови со изразени нерви мирисливи.Брактерите се шилести,тенки пурпурно црвени.Ливчињата на цветната обвивка градат творба слична на шлем и триделна усна со шпора.Усната при основата е стеснета,виолетово пурпурна со бела основа на која се истакнуваат пурпурните точки.Плодот е ситна чушка.Цвета од мај до јуни.

23
New cards

Опис и систематика на млечен трн и зошто се вика така?

Царство: Plantae Оддел: Asterids Класа: Monocotyledones Ред: Asterales Фамилија: Asteraceae Silybum marianum Млечен трн е грмушесто растение со исправено и разгрането стебло. Листовите се боцкави, долгнавесто јајцевидни, во долниот дел се седечки а во горниот при основата се срцевидни и при нивно кршење или при кршење на стеблото доаѓа до истекување на бела течност, поради која млечен трн го добива своето име. Главиците се поединечни, топчести, исправени со долги дршки. Цветовите се розеви, ахениите се мазни а папусот е јајно бел.

24
New cards

Опис и систематика на шипка? (Rosa canina)

Царство:Plantae Оддел: Magnoliophyta Класа: Dicotyledones Ред: Rosales Фамилија:Rosaceae Шипка е грмушка со исправени или свиткани гранки. Боцките се многу јаки и српесто свиткани. Листовите се непарно пересто сложени од 7 или 9 елиптични, пилесто врежани ливчиња. Соцетијата се китки со 5 цветови, поретко цветовите се поединечни. Венчените ливчиња се бледорозеви а плодот е шипка (збирно оревче), широко, овален и црвен.

25
New cards

Опис и систематика на волнест напрсток?

Царство:Plantae Оддел: Magnoliophyta Класа: Dicotyledones Ред: Lamiales Фамилија:Scophulariaceae Digitalis lanata Повеќегодишни зејлесто растение сo вертикален ризом.Стеблото е исправено,високо од 30 до 70цм неразгрането,ретко при врвот е разгрането. Во долниот дел е без влакна во горниот е покриено со влакна.Приземните листови се во розета издолжено ланцетести, широки,постепено се стеснуваат во дршката на врвот се зашилени со цел раб,без влакна мазни и сјајни.Листовите на стеблото се наизменични,седечки.во основата делумно го опфаќаат стеблото,елиптично ланцетести.Лиската постепено се стеснува во зашилен врв.Цветовите се густо збиени во терминално класолико конусно неразгрането соцветие што целосно е покриено со волнести влакна.Чашката е звонеста со 5 влакнести лантецели,зашилени делови.Венцето има 5 ливчиња сраснати со венечна цевка чиј врв е двоусен,при што горната усна се состои од два а долната од 3 дела.Горната усна е кратка и затапена а долната е со краток страничен и среден дел превртен во форма на уста.Венчето е светложолто со виолетови жилички однадрвор покриено со жлездени влакна.Има 4прашници.Плодникот е со долго тенко столпче и дводелен жиг.Плодот е јајцевидна чушка од 8 до 10мм долга со многу ситно семе.Цвета од јуни до август.

26
New cards

Опис и систематика на машки папрат?

Carstvo: Plantae Оддел :Polypodiophyta Класа:Polypodiopsida Ред:Polypodiales Фамилија:Aspidiaceae Dryopterix filix-mas Ризомот е краток, дебел, покриен со меки, долги и игличести кафеави лушпи. Листовите на машкиот папрат се долги 30-40 cm. Лисната дршка е жолтеникава и е покриена со кафеави лушпи. Лиската е издолжена, двојно пересто делена. Ливчињата од првиот ред се наизменично распоредени, кон врвот се зашилени. Ливчињата од вториот ред се назабени, со заоблен раб. Сорусите се топчести и се наоѓаат на долната страна на ливчињата, распоредени од двете страни на главниот нерв.

27
New cards

Опис и систематика на евла?

Царство:Plantae Оддел: Magnoliophyta Класа: Dicotyledones Ред: Fagales Фамилија:Betulaceae Alnus glutinosa Евла е листопадно дрво со право и високо стебло. Младите гранчиња, пупки и листови се лепливи. Листовите се затапени, по работ се пилести. Пупките кај евлата се наоѓаат на кратки дршки, што инаку не се гледа кај другите домашни дрвја. Цветовите се еднополови а растенијата еднодомни. Машките реси се по неколку заедно во групи, на долга дршка. Женските цветови градат јајцевидни реси, па целата женска реса има форма на шишарка. Плодот е кафеаво сплескано оревче.

28
New cards

Опис и систематика на буника

Царство Plantae Оддел Angyospermophyta Класа Dicotiledones Red Scrophulariale fam. Solanaceae Hyosciamus niger – bunika Dvegodisno, poretko ednogodisno rastenie, celoto e prekrieno so kratki vlaknenca. Stebloto e leplivo, pokrieno so yvezdesti vlaknenca. Korenot e vretenoviden, repasto prosiren vo gorniot del. Listovi: наизменични, прости, krupni, siroki 3-10 cm, sivkasto-zeleni, vre`ani, izdolzeni, vlaknesti, na vrvot zaostreni.Cvetovi: vo pazuvite na listovite site rasporedeni na edna strana, caska od 5 lista, venceto ima 5 neednakvi rezni, vlaknesto, so temnozolta boja, prosarano so violetovi z ilicki. Plod: cuska, so kapace na gornata strana

29
New cards

Опис и систематика на јасен (Fraxinus ornus)

Царство:Plantae Оддел: Magnoliophyta Класа: Dicotyledones Ред: Lamiales Фамилија:Oleaceae Fraxinus ornus, Црн јасен е листопадно, високо дрво до 100 m, со светло сива мазна кора. Младите гранчиња се голи, зелено-сиви. Пупките се сиви, поставени една спроти друга. Листовите се непарно пересто сложени, распоредени еден спроти друг. Цветовите се миризливи и собрани во густи, многу крупни, многуцветни метлички што се јавуваат на врвовите на изданоците. Чашката е зелена, венчето го градат 4 бели ливчиња. Има 2 прашника, плодникот е со дводелен жиг. Плодот е издолжено оревче со крило при основата.

30
New cards

Опис и систематика на лопен

Царство:Plantae Оддел: Magnoliophyta Класа: Dicotyledones Ред: Lamiales Фамилија:Scrophulariaceae Verbascum densiflorum Двегодишно растение.Стеблото е високо од 50 до 100цм,со исправени обраснато е со листои покриено со меки сиви или жолтеникави влакна,неразгрането ретко во горниот дел разгрането.Листовите се сивозеленикави или жолтозеленикави на опачината се густообраснати со меки филцани влакна на лицето се помалку влакнести.Приземните листови се во розета речиси седечки или со крилеста дршка долги се 10 до 40цм а широки 4 до 10 цм,долгнавести или елиптично долгнавести,шилести со крупно назабен раб.Листовите на стеблото се наизменично распоредени долните се долгнавести шилести со назабен раб при основата се со тесно клинести крила средните се јајцевидно издолжени,зашилени по работ се остро назабени,горните се јајцевидни,шилести со пилесто засечен рабпри основата се крилести.Цветовите се хермафродитни речиси актиноморфни,најчесто се групирани по 4 во пазувни соцветија што се собрани помалку или повеќе во густо класесто соцветие.Цветните дршки се кратки и дебели.Чашката е речиси до основата делена на 5 ланцетести делови.Венчето е петоделно во форма на чинија со кратка цевка жолто во пречник од 30 до 50мм однадвор е обраснато со меки ѕвесдести влакна.Има 5 прашници два подолги и три пократки.Стоплчето на плодникот е со главичест жиг.Плодот е јајцевидна чушка со должина 5 до 8мм густо влакнеста по површина се отвара во 2 канапа ослободувајќи ситни конусни семиња.Цвета од јули до август.

31
New cards

Опис и систематика на мечкино грозје

Царство:Plantae Оддел: Magnoliophyta Класа: Dicotyledones Ред: Ericales Фамилија: Ericaceae Arctostaphylos uve-ursi Зимзелена, полегната грмушка, чиишто гранчиња се вкоренуваат. Кората на гранките е темнокафеава, се лупи. Листовите се наизменични, имаат дршка или се седечки, обратно јајцевидни, на врвот се заоблени. Лиската е кожеста, без влакна, на лицето е темнозелена а на опачината е посветла. Цветовите се ситни, висат во гроздови на краевите на гранчињата. Венчето е ѕвонесто со 4 до 5 делови свиткани во страна. Плодот е тркалезна, црвена, брашнеста костелка.

32
New cards

Опис и систематика на хмељ

Царство: Plantae Оддел: Magnoliophyta Класа: Magnoliopsida Ред: Cannabales Фамилија: Cannabaceae Род: Humulus Вид: lupulus Опис: Повеќегодишно растение што се повива, обраснато со кратки остри влакна. Листовите се крупни, јајцевидни, длабоко прстесто засечени на 3-5 шилести делови. Опачината на лиската е обрасната со остри полегнати влакна и има многу жолти жлезди. Машките цветови се ситни групирани во метлички, а женските цветови се во ресовидни соцветија. Цветовите на двата пола имаат многу жлезди – секреторни структури со латекс. По оплодувањето, брактеите разраснуваат давајќи му на соцветието изглед на шишарка. Плодот е оревче со многу жлезди.

33
New cards

Опис и систематика на орев

Царство: Plantae Оддел: Magnoliophyta Класа: Magnoliopsida Ред: Juglandales Фамилија: Juglandaceae Род: Juglans Вид: regia Опис: Листопадно дрво, кората на младите гранки е мазна и сива, а на постарите гранки речиси црна и испукана. Листовите се непарно пересто сложени. Ливчиња има 5-9, со цел раб. Машките соцветија се во форма на реси, седечки, а женските соцветија се во форма на клас, со видлив перест жиг. Плодот е костелка (орев).

34
New cards

Опис и систематика на босилек

Царство: Plantae Оддел: Magnoliophyta Класа: Magnoliopsida Ред: Lamiales Фамилија: Lamiaceae Род: Ocimum Вид: basilicum Опис: Едногодишно растение со пријатен мирис. Стеблата се разгранети, голи, мирисаат на балсам. Листовите се ромбични, со цел или назабен раб на дршката. Цветовите се со кратка цветна дршка, по 6 сложени во пршлени што се приближни на врвот од стеблата. Чашката е јајцевидна, двоусна и зелена а венчето е црвеникаво или бело – горната усна е широка, тапа поделена во 4 дела, а долната усна е подолга и испакната. Оревчињата се јајцевидни и темни.

35
New cards

3Опис и систематика на пелин Бел

пелин Царство: Plantae Оддел: Magnoliophyta Класа: Magnoliopsida Ред: Asterales Фамилија: Asteraceae Род: Artemisia Вид: absinthium Опис: Повеќегодишно полугрмушесто растение со ароматичен и остар мирис. Стеблото е исправено, разгрането и беловлакнесто. Листовите од двете страни се густо беловлакнести, приземните се во розета, со дршки, 3 пати пересто делени. Листовите на стеблото се седечки, 1-2 пати пересто делени на долгнавести тапи делови. Ситните топчести главички се собрани во силно разгранети метлички. Инволукрумот е сивовлакнест. Цветовите се жолти. Плодот е ахенија.

36
New cards

3Опис и систематика на лубеничарка

Царство Plantae Оддел Angiospermophyta Класа Dicotiledones Ред Rosales fam. Rosaceae Sanguisorba officinalis Poveќegodiшno trevesto rastenie, so razgranet rizom. Listovi: наизменични, сложени, perasti, po rabot pilesto nazabeni. Cvetovi: актиноморфни, temnocrveni, vo glaviчesti socvetija, na vrvot na stebloto.

37
New cards

3Опис и систематика на трепетлика (Populus tremula)

Царство:Plantae Оддел: Magnoliophyta Класа: Dicotyledones Ред: Malpighiales Фамилија:Salicaceae Ова е крупно листопадно дрво кое достига висина од 40 м. Крошната е широка 10 м, а стеблото има пречник од 1 м. Кората има бледа зеленикавосива боја; кај помладите дрва е мазна, со темносиви баклавовидни леќички, а распукана и темносива кај постарите дрва. Листовите на развиените гранки се речиси округли, малку проширени, со пречник од 2–8 см, со грубо брановидни рабови и бочно сплескани дршки долги 4-8 см. Сплесканата дршка им овозможува листовите да треперат дури и при најмало струење на воздухот, што е причината за името „трепетлика“ и научното име.. Листовите кај малите дрвца и брзорастечките стебленца на кореновите изданоци имаат срцевиден облик и се речиси триаголни. Истите се доста поголеми, достигајќи 20 см, а дршките не им се толку сплеснати. Цветовите имаат облик на реси кои излегуваат рано напролет, пред разлистувањето; овие се дводомни, што значи дека машките и женските реси се на различни дрва, а опрашувањето го врши ветерот. Машките реси се зелено-кафеави, со должина од 5–10 см кога испуштаат полен; женските реси се зелени, долги 2-6 см во истиот период, узреваат на почетокот на летото и имаат по 10–20 (50–80) чаури со мали семчиња обвиткани со влакнеца. Влакненцата служат за лесно расејување на семето кога го носи ветерот.

38
New cards

3Опис и систематика на плавун (Lycopodium clavatum)

Царство:Plantae Оддел: Класа: Ред: Lycopodiales Фамилија:Lycopodiaceae Lycopodium clavatum Lycopodium clavatum е васкуларно растение кое носи спори, кое расте главно ничкум по земјата со стебла долги до 1 m (39 инчи); стеблата се многу разгранети и густо облечени со мали, спирално наредени листови од микрофил. Листовите се долги 3-5 мм и широки 0,7-1 мм, заострени до тенка бела точка како влакно. Гранките што носат стробили или спори конуси се исправени, достигнувајќи 5-15 см (2,0-5,9 инчи) над земјата, а нивните лисја се модифицираат како спорофили кои ги опфаќаат капсулите на спорите или спорангијата. Конусите на спорите се жолто-зелени, долги 2–3 cm (0,79–1,18 in) и широки 5 mm (0,20 in). Хоризонталните стебла произведуваат корени во чести интервали по нивната должина, дозволувајќи му на стеблото да расте неодредено по земјата. Стеблата површно личат на мали садници од иглолисни дрвја, иако тоа не е поврзано со нив.

39
New cards

3Опис и систематика на руј

Царство:Plantae Оддел: Magnolophyta Класа: Dicotyledones Ред: Sapindales Фамилија: Anacardiaceae Rhus toxicodendron Грмушка видока до 1м.Гранките на почетокот се зелени,со темни влакна а подоцна станувааттемни и се без влакна.На двегодишните гранки се наоѓаат многуброј лентецели.Листовите се тричлени.Ливчињата се издолжени јајцевидни,зашилени,грубо пилести.Цветовите се еднополни,собрани во метлички што тргнуваат од пазувите на листовите.Венчените ливчиња се белузлаво зелени.

40
New cards

Опис и систематика на црвен кантарион(кичица)

Царство:Plantae Оддел: Magnolophyta Класа: Dicotyledones Ред: Gentianales Фамилија:Gentianaceae Centaurium umbellatum Gilib Зелјесто едногодишно или двегодишно растение растение.Стеблото е исправено високо 10до 15цм во горниот дел е разгрането без влакна на пресек четириаглесто.Приземните листови се собрани во розета,јајцевидни до широко елиптични,со кратка дршка.На стеблото листовите се наизменично распоредени седечки обратно јајцевидни. Лисни нерви има Листовите не се влакнести.Цветовите се собрани во цимозно соцветие со штитеста форма.секогаш се иста висина бидејќи дршките им се со различчна должина. Понекогаш се наочаат поединечно во пазува на листовите.Чашката е зевчеста со 5 линеарни шилести ливчиња.За време на цветењето е наполу помала од венчето.Венчето е во форма на инка долго 10 до 50мм со розово цврена боја со 5 ливчиња што делумно се сраснати со тесна цевка.Врвовите се слободни елиптични.Обично има 5 прашници. Стоплчето на плодникот е долго кончесто со дводелен жиг.Плодот е тесноцилиндрична чушка што пука на два капака.цвета од јуни до септември.

41
New cards

41.Опис и систематика на невен

Царство:Plantae Оддел: Magnolophyta Класа: Dicotyledones Ред: Asterales Фамилија:Asteraceae Calendula officinalis Едногодишно растение со непријатен мирис.Стеблото е аглесто, високо од 30 до 50цм.Листовите во долниот дел на стеблото се топчести,во горниот долгнавести до ланцетести,седечки.Главиците се од 3 до 5 цм со долги дршки поединечни.Инволукрумот е широко ѕвонест.Цветовите се постокалови.Оревчињата се свиткани кон средината на главчето.Цвета од јуни до септември.

42
New cards

Опис и систематика на лешник

Царство:Plantae Оддел: Magnolophyta Класа: Dicotyledones Ред: Fagales Фамилија:Corylaceae Corylus avellana Леската е листопадна грмушка висока 4-5м.Листовите се неправилно срцевидни ,со нагло зашилен врв по рабовите се помалку или повеќе засечени и двојно пилести.Машките цветовисе собрани во реси.Ливчињата на цветната обвивка се ситни жолти.Женските цветови се во дизахиуми што личат на пупка.Од цветовите излегуваат долги црвени жигови.Плодот е оревче со зелјеста купула што ја обвиткува.Кај некои видови лески купулата е мека,а кај други ецврста и со трње.Цвета од фебруари до март.

43
New cards

Опис и систематика на коњско опавче

Царство:Plantae Оддел: Equisetophyta Класа: Bryopsida Ред: Equisetales Фамилија: Equisetaceae Equisetum arvense Повеќегодишно зелјесто растение со членест и мошне разгранет ризом на кој се развиени адвентивни корени.Напролет прво се појавуваат бледокафеавите фертилни изданоци,прости,неразгранети и покриени со со прешленесто распоредени листови.На врвот на секој фертилен изданок се формира по еден спорофилен клас.Стерилните изданоци се развиваат од ризомот во текот на летото,тие се зелени еднаш или двапати прешленесто разгранети, а гранките се помалку или повеќе исправени.На секое членче на стеблото и на гранките се наоѓаат лушпести листови што се меѓусебно сраснати и градат светлозелен лисен ракавец.

44
New cards

Опис и систематика на селен

Царство:Plantae Оддел: Magnolophyta Класа: Dicotyledones Ред: Apiales Фамилија:Apiaceae Levisticum officinale Koch Повеќегодишно зелјесто растение со јак мирис.Стеблото е исправено100 до 200цм ребресто,шупливо,голо.Листовите се жолтозелени, 2 до 3 пати се пересто делени,деловите се триаглесто ромбоидни со врежан раб.Штитовите се збиени со 12 до 20 зраци.Цветовите се жолто зелени.Плодот е елипсовиден, со дебели крила,жолт или темен.

45
New cards