Историја

0.0(0)
Studied by 5 people
call kaiCall Kai
learnLearn
examPractice Test
spaced repetitionSpaced Repetition
heart puzzleMatch
flashcardsFlashcards
GameKnowt Play
Card Sorting

1/107

encourage image

There's no tags or description

Looks like no tags are added yet.

Last updated 9:51 AM on 4/6/26
Name
Mastery
Learn
Test
Matching
Spaced
Call with Kai

No analytics yet

Send a link to your students to track their progress

108 Terms

1
New cards
<p></p>

Првиот манифест на неопластицизмот 1918

2
New cards
term image

Пит Мондријан, Композиција II во црвено, сино и жолто

3
New cards
term image

Пит Мондријан, КОМПОЗИЦИЈА ВО ЦРВЕНО, СИНО И ЖОЛТО, 1930

4
New cards
term image

Пит Мондријан, Композиција во жолто сино и црвено, масло на платно, Лондон

5
New cards
term image

Пит Мондријан, Масло и хартија на платно

6
New cards
term image

Тео ван Дусбург, Композиција 7 (три грации), 1917

7
New cards
term image

Тео ван Дусбург, Ентериер на ресторанот Café L Aubette во Стразбур (Франција)

8
New cards
term image

Тео ван Дусбург, аритметичка композиција

9
New cards
term image

Тео ван Доесбург, Composition with window with coloured glass III

10
New cards
term image

Црвено-син стол, Герит Ритвелд, 1925

11
New cards
term image

Герит Ритвелд, куќата Шредер во Утрехт

12
New cards
term image

Zig-Zag стол, дизајниран од Герит Ритвел помеѓу 1939-1934.

13
New cards
term image

Барт ван дер Лек, Композиција со една сива црта, масло на платно.

14
New cards
term image

Архетип ван дер Лек е специјален фонт дизајниран лично од Барт ван дер Лек за холандското списание Флекс кое било дел од де Стејл движењето

15
New cards
term image

Работничка населба во Хох ван Холанд

16
New cards

Што е De Stijl?

De Stijl е уметничко движење во Холандија кое настанало во текот на 1917 година”. Овој уметнички правец е познат и како неопластицизам. Во потесна хронолошка смисла го опфаќа периодот помеѓу 1917 и 1931 во Холандија. Под Името De Stijl излегува часопис во Холандија публикуван од холандскиот сликар, дизајнер, писател и критичар Тео ван Дусбург којшто ги пропагирал идеите и е вистинскиот spiritus movens на ова движење. Освен Tео ван Дусбург познати членови на групата се сликарите Пит Мондријан, Барт ван дер Лек, архитектите Герит Ритвелд, Роберт вант Хоф, Јакобус Јоханес Оуд.

17
New cards

Кон што цели De Stijl?

Новата пластична уметност на Де Стејл цели кон духовна хармонија и ред. Првиот број на часописот е токму посветен на идеите и филозофијата на ова движење. Де Стејл тежнее да го долови трансценденталното и спиритуалното потпирајќи се на чистата апстракција и симплификација, односно поедноставување на формите базирани на една логична “математичка” структура со хоризонтални и вертикални линии користејќи ги основните бои црвена, жолта и сина со црна , бела и сива.De Stijl движењето е инспирирано од кубистичкото сликарство исто како и од мистицизмот и идеите за идеалните геометриски форми.

18
New cards

Кој е Пит Мондријан?

Пит Мондријан е холандски сликар и теоретичар на уметност. Најпрвин сликал, главно пејсажи, на начин на симболистичко и поентилистичко сликарство, а потоа накратко се свртел кон кубизмот. Од 1912 година, во неговите сликарски циклуси (Крошни на дрвја; Дини; Фасади на црквите), тој ги намалил сите описни мотиви и вистинската предлошка ја претворил во украс. Со Tео ван Дусбург го основа уметничкиот правец De Stijl (1917) и ја развива теоријата на неопластицизам (уметнички израз сведена на наједноставните геометриски форми, што стана потеклото на геометриската апстракција), а своето уметничко гледиште го елаборира во делото Неопластицизам. Тој насликал дводимензионални геометриски композиции од хоризонтална и вертикална, со сини, жолти и црвени површини.

19
New cards

De Stijl како апстрактна уметност

Апстрактната уметност е спротивставена на реалистичкото прикажување на предметите, но таа не е противречна на самата природа. Таа е противречна на анималната, сирова, примитивна природа на човекот, но е идентична со вистинската човечка природа. Затоа треба внимателно да разликуваме два видови ма реалност, една која има индивидуален карактер и втора која во својата суштина е универзална.

20
New cards

Кој е Тео ван Дусбург?

Тео ван Дусбург заедно со Пит Мондријан се сметаат за протагонисти на оваа уметничка концепција. Во почетокот на своето творештво ван Дусбург е под влијание на импресионизмот на В. Ван Гог а подоцна под влијание на Василиј Кандински за духовноста во уметноста. Така почнува да експериментира со слобoдната апстракција во манирот на Кандински.

21
New cards

Кој е Герит Ритвелд?

Герит Ритвелд ја отелотворува теоријата на Пит Мондријан во архитектурата дизјнот на ентериер и мебел. Во почетокот е архитект самоук и изработувач на мебел. Ритвелд го дизајнира познатиот црвено син стол кој претставува прв обид за апликација на наеоластицизмот во декоративната уметност.

22
New cards

Кој е Барт ван дер Лек?

Барт ван дер Лек е е холандски сликар кој студирал на државната школа за декоративна уметност. Слика во духот на геометриската апстракција и се приклучува на групата околу часописот De Stijl. Работи на подрачјето на индустрискиот дизајн. Проектира ентериери и изведува нацрти за текстил и опрема за книги.

23
New cards

Влијание и менување на De Stijl

Идеите на De Stijl ќе влијаат и на Bauhaus слично како и на т.н. интернационален стил во архитектурата. Околу 1921 карактерот на движењето започнува да се менува. Освен взаемните контакти со Баухаус кој ги започнал ван Дусбург исто така ќе доаѓаат и влијанија првенствено од кругот на рускиот авангарден сликар Казимир Маљевич и рускиот конструктивизам, кои многу од членовите на De Stljl не го одобрувале. Во 1924 Пит Мондријан ќе го напушти De Stijl кога Ван Дусбург ќе ја предложи теоријата на елементаризмот според која дијагоналната линија е поесенцијална од хоризонталната и вертикалната.

24
New cards
term image

Државни слободни уметнички работилници

25
New cards
term image

Казимир Маљевич, Црн квадрат на бело поле, 1915, Третјаковска галерија, Москва

26
New cards
term image

Казимир Маљевич, Бел квадрат на бела позадина, 1918 г.

27
New cards
term image

Казимир Маљевич, супрематистичка композиција, (1915)

28
New cards
term image

Казимир Маљевич, супрематистичка композиција, (1916)

29
New cards
term image

Казимир Маљевич, Жена со гребло,(супрематизам во контура на селанка), Третјаковска галерија, Москва

30
New cards
term image

Љубов Попова, Портрет на филозоф Павел Сергеевич Попов, 1915

31
New cards
term image

Рекламен плакат од Александар Родченко, Издавачка куќа Ленгиз 1924. Во превод: Книги за сите области на знаењето.

32
New cards
term image

Љубов Попова, Воздух+човек+ простор, 1912

33
New cards
term image

Корица на ВХУТЕМАС за школата по архитектура изработена од Ел Лисицки

34
New cards
term image

Ел Лисицки, Советски пропагандистички плакат “Победи ги белите со помош на црвен клин”

35
New cards
term image

Ел Лисицки, Конструктор, 1924, Albert and Victoria museum London

36
New cards
term image

Владимир Татлин, споменик на третата интернационала, 1919 г

37
New cards
term image

Владимир Татлин, Портрет на уметник, 1912

38
New cards
term image

Владимир Татлин, Летатлин. Конструктивизам

39
New cards

Што е Вхутемас?

Вхутемас е висока образовна институција во Москва, која постоела од 1920 до 1930 година. ВХУТЕМАС се создадени со обединението на Строгановското уметничко-индустриско училиште и Московското училиште за сликарство, скулптура и архитектура. Тоа вклучува факултет по уметност, кадешто се предава графика, скулптура и архитектура, и индустриски факултет, насочен кон печат, текстил, керамика, дрвообработка и металообработка. Во 1926 година училиштето е реорганизирано, раководството му е сменето и е преименувано на Виш уметничко-технички институт, а во 1930 година е конечно затворено, а студентите и предавачите се распределени во неколку други училишта.

40
New cards

Вхутемас и Баухаус

ВХУТЕМАС е Советскиот одговор на Bauhaus.Овие две школи имаат сродни погледи кога станува збор за намената, организацијата и опфатот. Особено во областа на архитектурата има размена на идеи и проекти помеѓу овие две школи. Двете школи ќе процветаат во еден релативно либерален период и ќе имаат слична судбина да бидат затворени под притисокот на два тоталитарни системи. Нацизмот и комунизмот. Значајни автори кои се поврзуваат со оваа школа и се дел од авангардните уметнички движења се Казимир Маљевич, Ел Лисицки, Владимир Татлин, Aлександар Родченко, Љубов Попова.

41
New cards

Што е супрематизам?

Супрематизмот е уметнички правец во историјата на уметност, архитектурата и апстрактното сликарство кој е во сродство со футуризмот и конструктивизмот и настанал во Русија околу 1915 г. И траел до 30-те години на 20 век. За основач на ова движење се смета Казимир Маљевич. Ова пред се апстрактно насочено уметничко движење кое своите естетски и филозофски постулати ги црпи од едноставните геометриски облици квадрат, круг, триаголник. Најпознати дела на Казимир Маљевич се Црн квадрат на бела позадина (1915), Црвен квадрат (1915) и Бел квадрат на бела позадина (1919).

42
New cards

Како започнува Вхутемас?

ВХУТЕМАС започнува фактички во 1917 година, три години пред нејзината официјална појава. Уште пред револуцијата студентите повикувале академската програма да биде отфрлена и на нејзиното место да се создадат ундивидуални уметнички работилници кадешто студентите ќе влегуваат без приемни испити и сами ќе ги избираат наставниците. Прво била затворена Императорската академија на уметностите, а потоа се создале нови образовни центри, слободни државни уметнички работилници. Постепено се основале низ целата земја, а во Москва се појавиле две одеднаш. Првата на базата на Строгановското училиште, а втората на Московската школа по сликарство, скулптура и архитектура. Во есента 1920 година двете московски работилници се обединиле така се појавил главниот творечки институт на земјата. ВХУТЕМАС.

43
New cards

Од кои се факултети се состоела Вхутемас?

Во школата имало 8 факултети: Сликарство, скулптура, архителтура, печат, текстил, керамика, металообработка и дрвообработка. Но основните експерименти се спроведувале во основниот оддел.

  • На полиграфскиот факултет се воспитувала цела генерација на оформувачи на книги, а првите советски дизајнери учат на Дрвометфак- факултет со тоа име се појавил како резултата на обединувањето на дрвообработката и металообработката

  • Се раѓа школата на архитектонскиот конструктивизам. За време на производната пракса студентите учеле како се конструираат киностудијата, пекарниците за леб и заводските објекти.

  • На текстилниот факултет се родил значајниот феномен агит текстил

  • Керамичарите работеле исклучително во порцелан и фајанс и дизајнирале сервиси за јадење, занимавајќи се со ситна пластика, цртале на керамика

  • На факултетот за скулптура се работело со глина, дрво и различни видови камен, како и со такви невообичаени материјали како што се шперплоча, тел, стакло и метал.

  • На факултетот по сликарство имало три оддела: Стативен, Театарски и Монументален. Најмногуброен бил монументалниот оддел. Тој комбинирал архаика (под овој назив се подразбирала научно-истражувачка патувања до старите руски градови) изучувањето на фрескосликарството и реставрацијата на современото сликарство

  • Александар Родченко им предлагал на студентите да создаваат мртва природа од материјали нетипични за овој жанр-тули, хартија, стакло, ламарина. Тој ги сметал за не помалку естетски од плодовите или гарафата

44
New cards
term image

куќата на Вилијам Морис дизајнирана од архитект Филип Веб

  • 1859 година

  • ја олицетворува англиската народна архитектура

  • традиционални материјали, каменот и тулата, високи покриви

45
New cards
<p></p>

Ентериер на Црвената куќа, архитект Филип Веб

46
New cards
term image

Тапет со флорална декорација - Вилијам Морис

47
New cards
term image

Еден од карактеристичните типови столици на Вилијам Морис

  • интерпретација на рустични народни елементи, односно изработка на едноставни столици со рачно изработени седишта од коноп/слама

48
New cards
term image

Столици изработени од Вилијам Морис

49
New cards
term image

Прва страница од книгата Прирoдата на Готиката на Џон Раскин

  • печатена во печатницата на Вилијам Морис,

  • Kelmscott press

  • 1890 година

50
New cards
term image

Сер Тристрам и убавата Исуд - Данте Габриел Росети

  • витраж за Morris, Marshall and Faulkner & Co

51
New cards
term image

Студиото и куќата на Френк Лојд Рајт во Оук Парк, Илиноис 1911

52
New cards
term image

Куќата на Харолд Бредли во Медисон дело на Луј Саливен и Џорџ Грант Елмсли

53
New cards

Arts and crafts движење

реакција на радикалните промени предизвикани од индустриската револуција која ја вовела масовната продукција а со тоа ја нарушила позицијата на уметниците и занаетчиите во општеството

  • почетоци во средината на 19 век

  • прв модерен уметнички стил и начин на размислување и тргање на академскиот начин на размислување за уметноста (го прекинува чистиот академизам)

  • англиско движење во применетата уметност

  • поттикнато од желбата да се пронајде автентичен уметнички стил за викторијанската епоха

  • ќе го инспирира и развојот на подоцнежните стилски движења како што се Art Nouveau, виенската сецесија и се смета за предвесник на модернизмот

  • го идеализирале средновековното  занаетчиство како врв на хуманиот пристап кон работата и финалниот продукт уметнички обликуван предмет за секојдневна употреба. Некои радикални претставници целосно се завртиле кон апслутно исклучување на употребата на машините

54
New cards

Вилијам Морис

  • творец на ова движење, познат писател и поет

  • собрал сликари и архитекти, сметал дека навраќањето кон старата занаетчиска традиција на Англија и воопшто заживувањето на средновековните еснафи е вистинскиот начин да се прекине со масовната индустријализација

  • Морис ќе истакне една смела револуционерна теорија со која кажува дека не сака уметност за мал број на луѓе, како што и не сака образование за само неколкумина или слобода за само неколкумина.

  • Морисовите идеи се инспирирани од сликарите тн прерафаелити во Англија, како што е Данте Габриел Росети

  • Заедно со своите пријатели Маршал и Фокнер во 1861 ќе ја отворат фирмата  Morris, Marshal, Faulkner and co. која е базирана на прерафаелитската ликовна естетика 

55
New cards

Влијателни претставници

  • Вилијам Морис

  • Филип Веб

  • Чарлс Макинтош

  • Џон Раскин (историчар на уметност)

  • Огастас Пјуџин (архитект)

56
New cards
term image

Илустрација на насловната страна на Артур Мекмрдо (1883 г.)

  • ги брани црквите на сер Кристофер Рен од лондонското City, со Art Nouveau мотиви кои ке станат популарни низ цела Европа

57
New cards
term image

Плакат за претставата Гисмонда на Викториен Сарду - Алфонс Муха (1895)

  • за театарот Ренесанс во Париз

  • Муха се смета за водечка личност на Арт Нуво движењето

58
New cards
term image

Хотел Тасел - Виктор Орта, Брисел (1893)

  • првото архитектонско Арт Нуво здание со иновативен план и декорација

  • за познатиот бриселски професор Тасел

  • ги има сите елементи на Арт Нуво стилот: мозаици, железни столбови, природно осветлување и декоративни флорални елементи

  • главен акцент е ставен на холот со скалила кој претставува хармонична целина од линеарни ритми, постигната со дизајнот на ѕидовите, мозаичниот под и спиралната извиеност на самото столбиште.

  • органска флуидност на формите

59
New cards
term image

Хотел Солвеј - Виктор Орта, Брисел (1900 г.)

  • Конструкции од челик, стакло

60
New cards
term image

Холот во приземјето на Хотел Тасел во Брисел - Виктор Орта

61
New cards
term image

Куќа ван Етвелде, Брисел (1895)

  • еден од најрепрезентативните Art Nouveau објекти

  • за белгискиот гувернер на Конго Едмонф ван Еетвелде

62
New cards
term image

Вила Хохенхоф - Анри ван дер Велде, Германија

  • Анри е инспириран од утопските идеи дека преку дизајнот архитектот може да го реформира општеството

63
New cards
term image

Мебел - Анри ван дер Велде

64
New cards
term image

Реклама за галеријата La Maison Moderne - Мануел Ораци

65
New cards
term image

Бакнеж - Густав Климт (1908)

  • еден од водечките уметници на Виенската сецесија (Арт Нуво во Австрија)

  • галерија Белверде

66
New cards
term image

Виена и Јудита и главата на Холоферн - Густав Климт (1901)

67
New cards
term image

Копија на влез на станица во метрото во Чикаго

  • изградена според оригиналниот проект за париското меттро Ектор Гимар

68
New cards
term image

Карлсплац Штадбан - Ото Вагнер

69
New cards
term image

Зграда во духот на виенската сецесија (1897) - Јозеф Мариа Олбрих

  • за одржување на изложби на претставниците на Арт Нуво

70
New cards
term image

Casa Batllo - Антони Гауди, Барселона

71
New cards
term image

Casa Mila (La Pedreda на каталонски, значи каменолом) - Антони Гауди

  • 1905-1910

72
New cards
term image

Sagrada Familia - Антонио Гауди 1882г.

  • Арт Нуво со примеси на Нео Готика

73
New cards
term image

Арт Нуво мебел

74
New cards
term image

Мебел од познатиот француски арт нуво дизајнер Ежен Гијар

75
New cards
term image

дела на Емил Гал познат арт нуво дизајнер на стакло

  • еден од основачите на арт нуво во Нанси

76
New cards
term image

Дела на Рене Жил Лалик

77
New cards

Што е Арт нуво?

Арт Нуво е меѓународен стил во уметноста, архитектурата и применетата уметност особено декоративните уметности

78
New cards
term image

Куќа Отрик

79
New cards
term image

Вила Еске, Германија - Анри ван дер Велде

80
New cards
term image

куќа Мајолика - Ото Вагнер

81
New cards

Кога се јавува Арт нуво стилот?

се јавува како реакција на академската уметност од 19 век (1880-1919 г.)

82
New cards

Од кај црпи инспирација Арт Нуво?

Арт Нуво (модерна уметност) е инспириран од природата и внесува елеганција на заоблени, флорални стилизирани форми и плоски линии. Засилено е особено присуството на ползечки флорални мотиви кои во архитектурата имаат и една чисто конструктивна функција, особенo балконите и еркерите изработени од камен цемент и гипс

83
New cards

Која е целта на Арт Нуво?

да се разубави индустриското производство и да ги спои уметноста и  занаетите и да ги украси безличните згради.

84
New cards

Кои форми на уметност ги опфаќа арт нуво?

ги опфаќа сите форми на уметноста и дизајнот архитектурата, изработката на мебел, графички дизајн, сликарство, бижутерија керамика, металопластика и уметнички текстил

85
New cards

Од каде произлегло името Арт Нуво?

од една париска уметничка галерија наречена домот на модерната уметност (фр. Maison de l'Art Nouveau)

86
New cards

Почетоци на Арт Нуво

  • Почетоците на стилот Арт Нуво се надоврзуваат со движењето Уметности и занаети (Arts and Crafts)

  • Во вистинска смисла на зборот Арт Нуво стилот е силно повлијаен од еден плакат изработен од чешкиот сликар Алфонс Муха (Alphonse Mucha) за претставата Гисмонда од Викториен Сарду во која настапувала познатата глумица Сара Бернар. Овој плакат се појавил на улиците на Париз и набргу го добил името Стил Муха според авторот за подоцна едноставно да стане стил Арт Нуво

87
New cards

Имиња на Арт нуво во други земји

  • Јugendstil - Германија

  • Сецесија - Австро-Унгарија

88
New cards

Што е Bauhaus?

  • висока школа за градба и уметничко обликување

  • функционалистички правец - Less is morе

89
New cards
term image

Зградата на Баухаус, Десау, Германија - Валтер Гропиус

90
New cards
term image

Блок со спални во Десау 1925

91
New cards
term image

Фабриката Фагус - Валтер Гропиус 1911г

  • застаклена фасада

  • довршена 1925 од Адолф Мајер

92
New cards
term image

куќа на Валтер Гропиус во Масачустс 1938

  • долги и тесни прозори

93
New cards
term image

Harvard Graduate Center (Гропиус комплекс) 1948

94
New cards
term image

Облакодер на Мет Лајф, Њујорк

95
New cards
term image

Вила Тугенхат - Мис ван дер Рое, Брно 1930

96
New cards
term image

Германски павиљон, Барселона - Мис ван дер Рое

97
New cards
term image

Сеаграм зграда 1958 - Мис ван дер Рое

98
New cards
term image

Столица Василиј - Марсел Бројер

99
New cards
term image

Квака за врата - Валтер Гропиус

100
New cards
term image

Столна ламба на Вилијам Вафенфелд