ФИЗИКА 2 ТЕМА: СИЛИ И ДВИЖЕЊА

0.0(0)
Studied by 0 people
call kaiCall Kai
learnLearn
examPractice Test
spaced repetitionSpaced Repetition
heart puzzleMatch
flashcardsFlashcards
GameKnowt Play
Card Sorting

1/19

flashcard set

Earn XP

Description and Tags

СИТЕ ДЕФИНИЦИИ 2 ТЕМА

20 Terms

1
New cards

Механичко движење

е промена на положбата на едно тело, или на делови од телото, во однос на некое друго тело, во текот на времето.

2
New cards

Референтен систем

претставува координатен систем сврзан за референтно тело, за да се опише некое движење.

3
New cards

Подвижно тело

е телото кое се движи.

4
New cards

Референтно тело

е телото во однос на кое се разгледува движењето.

5
New cards

Релативно движење, претставува кога...

кога едно тело може да мирува во еден референтен систем, а во исто време да се движи во друг.

6
New cards

Материјална точка

се нарекува телото чии димензии се занемаруваат кога се опишува неговото движење. (тело што поседува маса, но нема волумен).

7
New cards

Траекторија

е патеката по која се движи некое тело, и која во некои случаеви може да се види.(друго име:траги)

8
New cards

Според обликот на траекторијата, движењата се делат на:

Праволиниски и криволиниски движења.

9
New cards

Изминат Пат (s) и мерна единица?

се нарекува должината на траекторијата, меѓу две точки M1 и M2, кои лежат на траекторијата. Мерна ед: метар (m).

10
New cards

Поместување (делта r со вектор)

е вектор, кој ги поврзува почетната и крајната положба на телото.(најкраткото растојание помеѓу почетната и крајната положба на телото).

11
New cards

Модул

е големината (интензитетот) на поместувањето и секогаш е позитивна вредност или нула.

12
New cards

Брзина на тело

се нарекува односот на поместувањето и временскиот интервал за кој настанало тоа поместување

13
New cards

Рамномерно праволиниско движење

се нарекува движењето на телото по права линија со константна брзина.

14
New cards

Има графици на?=

  • на положба

  • на изминат пат

  • на брзина


15
New cards

Средна Брзина на движењето + мерна единица?

е односот помеѓу вкупното поместување на телото и вкупното време на движењето. Мерна ед: метар во секунда (m/s).

16
New cards

Моментна брзина ни дава информации..

за брзината на телото во секој момент на времето.

17
New cards

Забрзување и мерна единица? И какво може да биде забрзувањето?

е промената на брзината во единица време. мерна единица: 1m/s2. Може да биде позитивно (кога брзина на тело се зголемува) и негативно (кога брзина на тело се намалува)

18
New cards

Рамномерно праволиниско забрзано движење

е движењето на телото по права линија, при кое забрзувањето на телото е константно.

19
New cards

Закон на брзина

е Равенката со која може да се определи брзината на тело во секој момент на времето.

20
New cards

Изминатиот пат кај рамномерно праволиниско забрзано движење зависи правопропорционално од…

… квадратот на времето на движење на телото.