Последна тема I год.
1) Среден век
☆ Периодизација 5-15/17 век.
☆ Појава на феудализам. Средниот век се означува како период кога се раѓа, развива и распаѓа феудалното општество.
☆ Влијание имала црквата во сите аспекти од животот и се појавува духовната (црковна) музика.
☆ Во духовната музика, забранети форми биле: танцот, пантомима и музичките инструменти.
☆ Музиката била едногласна, без инструменти, ја изведувале машки црковни хорови и се пеела на латински јазик.
☆ Во 9 век се појавува првото повеќегласие. Околу 12-13 век се пишуваат повеќегласни композиции.
☆ Световна (народна) музика - ги сочинува сите елементи кои биле забранети од црквата. Неа ја изведувале патувачките театри: трубадури, трувери, скромахи, жонглери и минезангери. Патувачките театри изведувале најчесто љубовна тематика.
☆ Се појавува нотното писмо, за кој е заслужен Гвидо Аретински. Но пред појавата на нотното писмо, постоеле невми (знаци) кои непрецизно ги осначувале нотите.
☆ Во 14 век се појавува културно-општествено движење, наречено Хуманизам и Ренесанса, кое го означувало почетокот на крајот на средниот век.
2) Ренесанса
☆ Периодизација 14-16 век.
☆ Се појавува во Фиренца, Италија.
☆ Зборот ренесанса значи преродба (преродба или обновување на културата на античките народи).
☆ Инспирација во Ренесансата била Антиката.
☆ Во Ренесансата е карактеристична црковната музика.
☆ Фирентинска камерата (друштво од Фиренца) - составено од музичари и научници, се обидува да ја обнови трагедијата, но случајно создава ново уметничко дело - операта, кое е важно уметничко откритие кон крајот на Ренесансата (16 век) и почетокот на барокот.
☆Првата опера е „Дафне“ и била создадена од композиторот Јакопо Пери, кој бил чл. на Фирентинската камерата. Втората опера била „Евридика“.
☆ Opera seria (сериозна опера) - првите опери имаат трагичен крај и главните личности се богови.
☆ Музички форми:
♡ Од световната музика - Мадригал (вокална композиција со љубовен карактер)
♡ Од духовната музика - Миса (4-гласна црковна композиција испеана на латински) и Мотет (повеќегласна црковна композиција, а капела (a capella)).
☆ Инструменти: лаута, оргули, клавичембало и др. претходници на денешното пиано.
☆ Претставници на ренесанса: Јакоб Галус, Џовани Пјерлуиџи да Палестрина, Орландо ди Ласо.
3) Барок
☆ Периодизација 16-18 век (трае 150 години). Се дели на ран, среден и доцен барок.
☆ Зборот барок значи бисер со неправилна форма.
☆ Музиката и воопшто уметноста изобилува контрасти и зголемена употреба на украси.
☆ Претставници се: Клаудио Монтеверди (ран барок), Антонио Вивалди (среден век), Јохан Себастијан Бах и Георг Фриндрих Хендл (доцен барок).
☆ Важни композиции на претставниците од барокот се: операта „Орфеј'“ (К. М.), концертот за гудачки инструменти „4 годишни времиња“ (А. В.), суита „Музика на вода“ и ораториум „Месија“ (Г. Ф. Х.), 6-те Бранденбуршки концерти и многу др. оркестарски и вокални композиции (Ј. С. Б.).
☆ Барокот е познат по гудачките инструменти: виолона, виола, виолончело и контрабас.
☆ Музички форми: опера, кантата, фуга, токата, суита, ораториум и др.
4) Класицизам
☆ Периодизација 18-19 век.
☆ Зборот класицизам значи совршенство на формата и содржината.
☆ Музички форми: симфонија, соната, клавирско трио, концерт, гудачки квартет.
☆ Претставници се: Лудвиг Ван Бетовен, Волфанф Амадеус Моцарт, Јозев Хајдн - карактеристични се со името Виенски класичари.
☆ Поважни нивни дела се: Бетовен - 3та симфонија Ероика (Херојска), 5та симфонија (Судбинска или Судбината чука на врата) и 9та симфонија (Ода на радоста) (Л. В. Б.); Јозев Хајдн - „Создавање на светот“ и „Годишни времиња“; Моцарт - „Свадбата на Фигаро“ и „Дон Жуан“.
☆ Но исто така важно дело е „Реквием“ или „Миса за мртвите“ кој Моцарт го компонирал 6 месеци, но поради неговата рана смрт останало недовршено.
☆ Инструменти: клавирот, гудачките и дувачките интрументи.
☆ Култ кон правила, разум и природа, важно правило на АБА, како што започнува така завршува композицијата. Тоа правило го крши Бетовен со композицијата „Месечева соната“ и создава нов стил во музиката → влегуваме во Романтизмот.